Општинско Основно Училиште
„Киро Глигоров“ – Скопје

Етички кодекси

2020-02-03 16:04:07

ПРАВИЛНИК ЗА ОДНЕСУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ, НАСТАВНИЦИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО  И УЧИЛИШНИОТ ДВОР (КУЌЕН РЕД)

            Учениците, родителите и наставниците се стремат кон унапредување на воспитно-образовниот процес преку почитувањето на правилата за однесување во училиштето. Правилникот ги содржи основните начела на однесување во училиштето и училишниот двор, што е предуслов за непречена и успешна работа. Правилата се видливо истакнати во училишната зграда, така што родителите и учениците имаат можност постојано да имаат увид и училиштето да биде пријатно катче во кое постојано ќе се развива успешна соработка меѓу учениците, родителите и наставниците.

Сите учесници во воспитно-образовниот процес треба да имаат јасна слика за својата положба и улога во училиштето, да ги знаат своите права и одговорности.

 

Правила за однесување на учениците:

 

•          Секој ученик треба да стигне 10 минути пред почетокот на часовите

•          Да се почитува времето за почеток на часовите според распоредот на ѕвонење

•          Пред секој час ученикот да го подготви потребниот прибор за работа

•          По завршувањето на часовите работните простории да се остават уредни

•          Учениците за време на наставата да не носат со себе вредни предмети(техничка опрема, накит, поголема сума пари и сл.) бидеќи за губење на истите училиштето не сноси одговорност

•          Забрането е користење на мобилен телефон за време на часовите

•          Ученикот не смее без одобрение на наставникот да го напушти часот и да се задржува во санитарните простории и ходниците

•          Учениците се должни да се однесуваат пристојно и со почит кон другите ученици, наставно-воспитниот, раководниот, административниот и помошниот персонал во училиштето

•          На учениците не им е дозволено влегување во наставничката канцеларија без дозвола од наставник

•          Учениците се должни да го чуваат редот, дисциплината и хигиената во училишните простории и училишниот двор

•          Ученикот секојдневно да се грижи за личната хигиена

•          Учениците учествуваат во уредувањето на училниците, ходниците и училишниот двор

•          Дежурните ученици се одговорни за редот, дисциплината, хигиената и обезбедуваат непречена реализација на наставата(чиста табла, сунѓер, креди)  ги пријавуваат отсутните ученици и други појави во училницата

•          Дежурниот ученик останува во училница кога останатите ученици имаат друга активност надвор од училницата или ја заклучува училницата кога учествува во активностите

•          Задолжително чување на училишниот инвентар

 

Правила за однесување на родителите:

 

•          Родителот-старателот е должен редовно да присуствува на родителските средби, а во случај на спреченост навремено да го најави своето отсуство

•          Родителот-старателот има обврска да го најави и оправда отсуството на ученикот со медицинска потврда, потврда од натпревар или некоја манифестација

•          Родителот-старателот континуирано го следи напредокот и дисциплината на ученикот, индивидуално се консултира со одделенскиот раководител, предметните наставници, училишниот психолог

•          Родителот има право активно да се вклучи во воспитанието на ученикот и градењето на позитивна личност

 

Правила за однесување на наставникот:

 

•          Секој наставник да има соодветни етичко- морални и естетски квалитети

•          Секој наставник е должен редовно да доаѓа на настава 15 минути пред почеток на часот

•          Наставникот е должен редовно да ги одржува часовите и навремено да го најави своето отсуство

•          Дежурниот наставник ја организира работната дисциплина во училиштето за непречено реализирање на наставата

•          Дежурниот наставник прима странки, им дава инструкции или ги упатува на определено место

•          Наставникот не смее да го напушти часот заради посета од родител

•          Средбите со родителите ги одржува со посебна просторија

•          Секој наставник е одговорен за нагледните средства во училиштето како и за училишниот инвентар

•          Наставникот има обврска навремено да го информира педагоготт во училиштето за секое несоодветно однесување на учениците во училиштето и училишниот двор

 

 

Куќен ред на училиштето

  1. Наставата започнува во 8 часот, а завршува во 13:25 часот за учениците од петто одделение, додека за учениците од одделенска настава, завршува во 15:00 часот.
  2. Во училиштето за учениците од целодневна настава е организирано прифаќање и згрижување на учениците од страна на дежурен наставник , во временски период од 15:15 до 17:00 часот.
  3. Учениците се должни да доаѓаат во училиште 10 минути пред почетокот на часот.
  4. Учениците треба да го напуштат училиштето по завршувањето на наставата и да не се задржуваат во училишните простории.
  5. Учениците  се должни внимателно да ја следат наставата, активно да учествуваат на часот, редовно да носат училишен прибор и да ги изготвуваат домашните задачи.
  6. За време на  одморите, учениците треба да се однесуваат пристојно, без непотребно задржување во ходниците.
  7. Помеѓу вториот и третиот час, учениците имаат голем одмор , кој се користи за ужинка и релаксација, а се одвива во училишниот двор. Доколку временските услови се неповолни, учениците остануваат во училиштето, почитувајќи го редот и мирот во училиштето.
  8. За време на часовите, мобилните телефони се исклучуваат.
  9. Учениците треба да се грижат и чуваат училишниот инвентар.
  10. Секое намерно уништување на училишниот инвентар, го надоместува ученикот т.е. родителот на ученикот .
  11. За  безбедноста на учениците во училиштето , се грижат  наставниците и другите вработени, како и лице од Агенција за обезбедување.

 

ПОЧИТУВАЊЕТО НА КУЌНИОТ РЕД ПРИДОНЕСУВА ЗА ПОГОЛЕМА ХАРМОНИЈА ВО УЧИЛИШТЕТО

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner